Фановите, пријателите и колегите се уште се збогуваат со Шенон Доерти.
Познатата актерка која се прослави со улогата на Бренда Волш во култната серија „Беверли Хилс“, почина на 13 јули по долга борба со ракот на дојката.
Во споменатата серија, еден од омилените ликови беше Дилан Мекеј, големата љубов на Бренда, која ја играше Лук Пери, кој почина во 2019 година на 53-годишна возраст по ненадеен и катастрофален мозочен удар.
View this post on Instagram
По веста за смртта на Шенон Доерти, Софи Пери, ќерката на Лук Пери, на својот Инстаграм и оддаде почит на актерката. Софи објави црно-бела фотографија од нејзиниот татко и неговата колешка од времето на серијата „Беверли Хилс“ и нивната најголема популарност со бело срце.
Шенон и Лук приватно биле одлични пријатели и тој бил многу шокиран кога дознал за нејзината болест.
фото: printskrin/instagram/shannon.doherty11/lemonperry