Во 2016 година, холивудскиот актер Бред Пит се разведе од својата колешка Анџелина Џоли, со која има шест деца.
Како една од причините за ваквата одлука се споменува наводниот конфликт на Бред со неговиот најстар син Медокс во приватен авион, кога тинејџерот се обидел да ја одбрани мајка си од татко му.
Најстарите синови Медокс и Пакс не разговараат со Бред, а неодамна сите беа изненадени од потегот на петнаесетгодишната Вивиен, која на еден проект се потпиша како Вивиен Џоли, без презимето на нејзиниот татко. Многумина претпоставуваа дека со овој потег сакала да покаже дека е на страната на нејзината мајка во целата приказна.
Се пишуваше дека ниту едно од шесте деца не е во добри односи со Бред, а сега се појавија информации дека актерот се надева дека ќе ги израмни односите барем со ќерката Шајло, која наполни 18 години.
Наводно, Анџелина влијае децата да имаат лошо мислење за нивниот татко, па Бред се надева дека Шајло, сега кога е полнолетна, ќе може посамостојно да носи одлуки.
„Сега кога Шајло има 18 години, таа може сама да одлучи како сака да се развива нејзиниот однос со нејзиниот татко“, рекол извор за Дејли Мејл.
Од нивниот развод во 2016 година, Бред и Анџелина водат битка за старателство, а актерката наводно го ограничува контактот на децата со нивниот татко.
фото: printskrin/instgaram