Радио Милева ужива под сонцето

Бранка Соврлиќ се соблече во седмата деценија: Пејачката мами воздишки во бикини (фото) 

Бранка Соврлиќ се соблече во седмата деценија: Пејачката мами воздишки во бикини (фото) 

Пејачката Бранка Соврлиќ не се двоумеше да објави фотографија на интернет во провокативна облека.

Бранка Соврлиќ (68) објави фотографија на Инстаграм во костим за капење и покажа со што располага.

Споменатата објава ја прикажува Бранка како лежи на плажа и ужива во сонцето.

Бујните гради на пејачката не можеа да останат незабележани, а покрај тоа, вниманието на сите го привлекоа нејзините долги, извајани нозе, без ни трага од целулит.

Соврлиќ имаше голема шапка и очила на главата, кои совршено одговараа покрај нејзиниот костим за капење.

 

Да потсетиме дека, иако важи за една од најбогатите пејачки на  јавната сцена, Бранка еднаш истакна дека никогаш не направила естетски зафати.

– Не сум поддржувач на пластичните операции, треба да се грижите за себе, кој сака, нека оди. Се плашам дека ако ме исечат, можеби ќе ме погодат во нерв, а јас би се искривила. Толку години сум на сцената, некои луѓе ме следат од самиот почеток и глупаво е да се преправам дека имам дваесет години – неодамна изјави таа за „Гранд“.

фото: printscreen/instgaram/branka_sovrlic

To top