Радио Милева без заддршка за се'

Бракот на Харис Џиновиќ и Мелина официјално затворена приказна: „Таа е никаква, ме искористи!“ (видео)

Бракот на Харис Џиновиќ и Мелина официјално затворена приказна: „Таа е никаква, ме искористи!“ (видео)

Веста за развофот на пејачот Харис Џиновиќ и дизајнерката Мелина веќе неколку недели наназад е главна тема во српските медиуми, но сега изгледа дојде крајот на приказната и разрешување на дилемите.

Харис пристигнал видно расположен на суд, а по излегување од судот во разговор за српски Курир, пејачот се пошегува.

– Не, не сум официјално разведен бидејќи „случајно“ дојдов на суд.

Харис признава и дека не знае зашто неговата сега веќе поранешна сопруга не присуствувала на разводот.

– Не знам зашто не дошла, тоа прашајте ја неа – рекол Харис и додал дека сега е официјално разведен:

– Двете страни се согласни, судијата има најмалку работа. Само ја спроведе постапката и тоа е тоа. Секако сека сме разведени, не е ова шатор туку е суд.

Потоа пејачот за српски Курир додава дека многу му значи поддршката од децата.

Но и вели дека не знае дали веќе верува во брак.

„На жените не им верувам, Мелина е никаква. Неверство не простувам никогаш во живот и тоа за мене е предавство. Ако некој го предаде семејството, тоа е непростливо“, додава Харис , а видеото од цлеиот разговор погледнете го од објавата на Блиц.рс

фото: printskrin/instgaram/harisdzinovic_official/ You Tube/ Blic

видео:You Tube/Blic

To top