Радио Милева

Брaќата не сакаат очи да си видат: Вилијам нема намера да го покани Хари ниту на неговото крунисување (фото)

Брaќата не сакаат очи да си видат: Вилијам нема намера да го покани Хари ниту на неговото крунисување (фото)

Принцот Вилијам не планира да го повика помладиот брат Хари на своето крунисување, пишува „Дејли Мејл“. Имено браќата веќе некое време не се блиски, а се верува дека не разговарале речиси две години.

„Оваа година тој е посветен на сопругата, децата и татко му. Неговиот брат не е нешто за што се зборува“, велат изворите на „Дејли Мејл“.

Инаку и на кралот Чарлс и на принцезата Кејт им беа дијагностицирани карциноми, а Хари и Меган наводно дознале за дијагнозата на Кејт во исто време како и пошироката јавност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Principe William (@princewilliambr)

Неодамна Ерик Трамп, синот на бившиот претседател на САД, Доналд Трамп, ги нарече Хари и Меган „разгалени“ и го спомена нивното можно депортирање, но и кажа дека се сомнева во желбата на Британија да ги прими назад. „Можете слободно да ги земете двајцата назад, со задоволсто ќе ги испратиме од Америка. Можете да ги вратите, но не сум сигурен дека повеќе ги сакате. Можеби ниту ние не ги сакаме повеќе“, изјави за „GB News“.

Неодамна шефот на персоналот на Хари и Меган си даде отказ по само три месеци. „Џош Кетлер не работи повеќе за нив“, кажа извор за „Дејли Мејл“. Отказот на шефот на персоналот е особен удар за Хари и Меган бидејќи тој требаше да ги придружува на турнејата во Богота којашто започнува оваа недела.

Овој отказ повторно ги открива предизвиците со коишто се соочуваат во зачувувањето на својот персонал, а од нивната венчавка во 2018 најмалку 18 вработени дадоа отказ.

фото:Instagram printscreen/ duke_.of_sussex

To top