Сека Алексиќ пролетните денови ги поминува на својот луксузен имот со синовите, а во нивната дружина се приклучија и нови членови.
Имено, Сека се пофали дека купила две јагниња, и покажа како ужива во пролетниот ден со нив.
Пејачката седеше на тревата во дворот од својата куќа со новите миленици, а овие моменти ги сними со видео кое го сподели на својот Инстаграм профил.
– Боже, каква љубов – напиша таа како дел од видеото.
Дружењето го заокружило нејзиното куче кое им се придружило, а пејачката целосно се препуштила на уживањето.
Да потсетиме, Сека Алексиќ ја изгради својата оаза на мирот во Стара Пазова, а се пишуваше дека нејзината вила чини дури половина милион евра.
Сека, имено, изградила дом за себе и за своето семејство далеку од градската врева. Многумина велат дека нејзината куќа личи на замок, а се наоѓа на сред поле.
фото: printskrin/instagram/paparaco lov