Промотер

Бони и само со поглед ќе го стопи вашето – „Срце ледено“ (ВИДЕО)

Бони и само со поглед ќе го стопи вашето – „Срце ледено“ (ВИДЕО)

Божица Китановска е ново име на македонската естрадна поп сцена, кое полека но сигурно си го наоѓа своето место под сонцето.  Бони, како што гласи нејзиното уметничко име и стана попозната на пошироката јавност по впечатливиот настап на последниот фестивал на забавни мелодии „Макфест 2023“, каде со својот танц и стајлинг ја испеа нејзината хитовски ориентирана тема „Ми амор“, која продолжи да се врти во радиоетерот, а подоцна за истата пејачката сними и видеоспот.  

Во меѓувреме Бони продолжи со своите настапи, најмногу по скопските кафулиња, но и самата да пишува песни и снима.  Бидејќи за себе има големи планови, фестивалските предизвици повторно би ги прифатила, но дотогаш  се пдлучи да се појави со нова песна.

Последната и најнова нејзина песна носи наслов „Срце ледено“ за која одново самата Бони стои зад комплетното авторство кога се во прашње музиката и стиховите, додека миксот и мастерот ги направил Андрејник.

„Сите барем еднаш сме се нашле во ситуација да си имаме работа со некој што има едно такво ‘срце ледено’, па не лажел, не не вреднувал во неговиот живот, манипулирал со нашите емоции и чувства, и по сите тие дадени шанси кога сме кренале раце и конечно сме си заминале од неговиот живот, по некое време тој сфаќа дека згрешил и не бара повторно… Сфаќаме дека е залудно повторно да му се даде шанса и дека е прекасно за назад… Некогаш е подобро да си сам отколку со некој со кој што постојано тонеш. И после се, сега е друго, сега можеш сама…“ – споделува Бони појаснувајќи од каде и е инспирацијата за песната.

како и макфестовската и оваа песна младата пејачка ја визуелизирала со видеоспот. Едноставно, нискобуџетно, но мошне функционално видео, во кое е многу интересно што самата Бони воопшто и не пее туку само позира како модел. Нејзиниот неспорен сексапил,  долгите нозе, извајаното тело, надополнети со доволно бујните атрибути и привлечиот лик во кој доминираат филираните полни усни и заводливиот поглед со светло сините очи, ја прават пејачката доволно атрактивна, привлечна и пожелна, чие позирање и без да запее е доволно впечатливо како поддршка за музиката во позадина.

Со еден збор, едноставно, евтино, а сепак доволно ефектно видео, кое го потпишува Никола Ставревски.

Доволна гаранција дека нејзиното „Срце ледено“ сепак ќе ви го стопи погледот, но и помилува ушите, а можеби од стиховите ќе извлечете и некоја животна поука. За да дознаете како сето тоа звучи и изгледа, проследете го видеото во продолжение:

 

 

To top