Радио Милева кога идеите ќе ви се поклопат...

Бомбакис заврши како „брачна колатерална штета“: Планот му беше да се ожени и потоа да ужива, ама… изгледа и жена му ја имала истата идеја!? (ВИДЕО)

Бомбакис заврши како „брачна колатерална штета“: Планот му беше да се ожени и потоа да ужива, ама… изгледа и жена му ја имала истата идеја!? (ВИДЕО)

Познатиот „картон уметник“ Кристијан Станковски, кого сите го знаат како Бомбакис лани реши да се ожени… и се ожени! На 30-ти јуни минатата 2023 година направи свадба со својата сега веќе сопруга Вики, на која како вообичаено не недостасуваа и неговите картонски пораки. Првиот картон со најава до неговата мајка, на кој пишуваше: „Ете мајко решив да се женам“.

Датумот на венчавката, младоженецот и невестата исто така го најавија со картон…

Па дури и на вообичаеното прашање на матичарот, Бобмакис судбоносното ДА го потврди со напишан збор на неговиот картон.

Пред Нова Година на свет дојде и приновата, ќеркичката Бисера – малечкото бисерче во нивната семејна школка!

Итака во таа семејна бајковита идила Бомбакис картоните полека ги замени со куси „риалс клипчиња“ на Инстаграм, ама во бракот замени и нешто друго: ги замени желбите со сопругата.

Имено, на Бомбакис планот му беше да се ожени… и се ожени. Ама картон уметникот си планираше откако ќе се ожени да ужива…

Особено во готвењето на сопругата! Или како што самиот жаргонски вели, „да си лабави“!

Велат  дека домашниот есап и оној на пазар никогаш не излегува ист, па така и есапот на Бомбакис… Само што причината за тоа е што неговиот и планот и на планот неговата сопруга откако ќе се земат да ти бил ист! А тој пред да ја ожени, не ја прашал какви и се плановите…!

А, кога на обајцата ќе им се поклопат плановите, кога и мажот и жената имаат иста предбрачна идеја… Мажот најчесто завршува како „брачна колатерална штета“. Па, така и Бомбакис, а вие погледнете и зошто:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kristijan Stankovski (@bombakis)

Фото и видео: Инстаграм/bombakis

To top