Во новото издание на интер ток шоуто „Ништо лично“ како поткаст гостин на денот на шегата 1-ви Април, гостуваше македонскиот актер и стендап комичар Бојан Велевски, кој се смета за еден од пионерите на современата стенд-ап комедија во Македонија.

Тој беше дел од првиот бран артисти кои го популаризираа овој формат кај нас, правејќи го мејнстрим во време кога публиката допрва се запознаваше со концептот „еден човек со микрофон“.

Беше и првиот македонски комичар кој настапил во реномираниот загребски клуб „Студио смијеха“, со што ја проби бариерата за нашите стенд ап комичари на Балканот.

Неговиот хумор е мешавина од опсервациска комедија и социјална сатира, во кои тој се претвора во мајстор за имитирање на локални дијалекти и менталитети, анализа на македонските семејни вредности (и апсурди), а при тоа е постојано во директна интеракција со публиката, која често ја вклучува во своите настапи на многу спонтан начин.

Тој не е само актер – комичар кој раскажува вицови, туку е и своевиден хроничар на нашето секојдневие кој успева и најтешките теми да ги претвори во лековита смеа.

Неговото искуство на театарската сцена му дава посебна предност во стенд-ап настапите – тој не само што кажува шеги, туку комплетно ги „живее“ ликовите и ситуациите што ги опишува.

За сето ова, но и за сето останато што е помалку познато или воопшто непознато за него, актерот отворено зборуваше со својот домаќин, Антонио Димитриевски, кој меѓуостанатото го праша својот гостин која му била најнепријана ситуација во која се нашол на некој негов стандап настап кој го изведувал во некој угосителски локал.

Приказната се одвива во Берово, во познат локал каде Бојан држел стендап, а на една маса на која патем доцнеле, но откако дошле неколку пара момчиња и девојки, машките почнале постојано да му дофрлаат на комичарот, па во еден момент на Бојан „му пукнал филмот“, па како што самиот вели: „Кога сум ги грабнал… Тоа не беше нормално, јас сам од себе се изненадив. Ги убив од зае*авање“…

Што се случило понатаму, како завршила случката погледнете во продолжение во најновото издание на поткастот „Ништо лично“, во кој споменатата приказна се наоѓа на 24:15 минута.






