Мегафон

Богдан Илиевски алиас „Бетмен велит“ во „Ништо лично“ кај Антонио Димитриевски

Богдан Илиевски алиас „Бетмен велит“ во „Ништо лично“ кај Антонио Димитриевски

Тој е некогашен твитерџија чии статуси ја брануваа јавноста, а политичарите се тресеа да не се најдат прозвани во некоја од неговите најнови дневни објави.

Подоцна стана граѓански активист предводејќи ги протестите на иницитијативата „За заедничка Македонија“ во 2017 година. Позната како „Четврти Илинден“  оргаизира протести низ цела Македонија,  а како повод ја користи декларацијата на политичките партии  ДУИ, Алијанса за Албанците и Беса, потпишана во Тирана со посредство на албанскиот премиер Еди Рама.

На 27 април 2017 година поддржувачи на здружението прават упад во Македонското собрание со цел да го спречат нелегитимниот избор на Талат Џафери за собраниски претседател.

Тој заедно дел од групата која го прави упадот подоцна ќе биде уапсен и меѓу останатите заедно со  режисерот Борис Дамовски и актерот Владо Јовановски ќе бидат обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Според обвинението тие се товареа дека на протестите со потпалувачки говори го потпалувале народот!

По две години лежење во зандани заедно со Борис Дамовски и Владо Јовановски три дена пред Новата 2019 година ќе биде амнестиран за настаните од 27 април,  со одлука на Кривичниот суд.

По излегувањето на слобода ја обзнанува врската со сега неговата сопруга, новинарката и ТВ водител Анастасија Деа Богданоска,  сега Илиевска,  а како плод на нивната љубов денес се двете дечиња, ќерката Дениција и синчето Раде.

Познат по својот прекар „Бетмен“ кој  потекнува од неговите твитерџиски денови кога го користеше псевдонимот „Бетмен велит“, охридскиот лилјак Богдан Илиевски денес е ТВ лице кое има свое вечерно политичко ток шоу на ТВ Алфа.

За најновиот конфликт со раперот Слаткаристика и сите упатени обвинувања, за  неговата твитерџиска кариера, за политичкиот активизам и припадност, пресудата, затворските денови, скришната љубов со саканата, родниот Охрид и преселбата во македонската престолнина, за политичкото шоуто и неговиот ТВ ангажман… И за уште многу други работи ќе слушнете од прва рака што Бетмен Велит… Богдан Илиевски на гости во „Ништо лично“, лице в лице  со Антонио Димитриевски.

Премиерно во СРЕДА, 05. март 2025 во 20 часот на  YouTube каналот на КурирМК (

To top