Промотер

Бобан Цаневски со стилизирана верзија и филмско видео за народната македонска патриотска песна – „Послушајте патриоти“ (ВИДЕО)

Бобан Цаневски со стилизирана верзија и филмско видео за народната македонска патриотска  песна – „Послушајте патриоти“ (ВИДЕО)

Бобан Цаневски – некогашниот учесник во „Ѕвездите на Гранд“ и еден од победниците на музичкото шоу „Никогаш не е доцна“ (Никад није касно), во кое во големото финале тогаш доби најголем број СМС гласови,  денес, недела, 8-ми  Септември, на Денот на независноста на Македонија,  на Јутјуб  ја промовираше својата најнова песна.

Во прашање е една прекрасна преработка на познатата македонска народна песна со патриотска содржина, „Послушајте патриоти“, која Бобан ја промовираше наменски за големиот празник. Аранжманот на оваа оркестрирана верзија го направил Бојан Биневски.

„Драги мои, прво сакам да го честитам денешниот празник и со огромно задоволство да Ви го претставам мојот најнов проект, преработката на песната ,,Послушајте патриоти”, за животот и делото на Александар Караѓуле Охридски! Ова е проект на кој сум многу горд, изработен е со многу труд и љубов, и се надевам дека ќе допре до сечие срце! Да ни е жива Македонија!“ – порачал пејачот во сподаленото видео на својот Фејсбук профил.

Видеото пак е вистинска куса филмска сторија, во која е содржана поентата на песната, вечната борба за татковината Македонија, борбата на патриотите кои неизмерно ја сакаат и се подготвени и животот за неа да годадат и оние – предавниците, кои се подготвени за грст пари да ја предадат.

Зад продукцијата стои „Генарал филм студио“ на проверениот мајстор Дарио Јанковиќ која се јавува како директор на фотографијата и неговата екипа, во која неговата ќерка Ана марија Јанковиќ ја потпишува режијата на спотот.

Во него пак главната улога како Александар Караѓуле ја толкува познатиот македонски актер Петар Горко, мајката – Стефанија Илиевски, шпиунот е Зоран Андревски, додека војници се  Ѓорѓи Стојчески и Роберт Тасевски.

Шминка и VFX се дело на Стефанија Стојчевска, додека како главен покровител на овој музички видеопроект се јавува  „Универзитет Скопје“.

Како звучи и изгледа оваа верзија на „Послушајте патриоти“, проследете во продолжение:

To top