На некогашната македонска пејачка Нона Неделковска работно и започна уште првиот ден од првата недела на новата 2025-та година. Како и не би кога „најшетаната велешанка“ новата ја дочека на еден од прекуокеанските крузери на кои повеќе од една деценија работи. Локацијата всушност егзотична дестинација, десетици илјади километри далку од дома, а таму Ноне и сама, во за многумина толку посакуваната Република Доминикана.
До душа бродот укотвен, па слободното време велешанката го искористи да ужива во сончевиот ден, покрај отворениот базен, патем откривајќи го решението на една стара загатка. Еден стар виц што кружеше за неа, уште додека Ноне беше позната и многу популарна пејачка, која беше на мета на шегобијците заради својата височина од 150 и нешто ситно сантиметри.
Имено, тогаш меѓу сите останати шеги на нејзина сметка, и извадија и виц кој гласеше: „Додека ноне седи на работ од тротоарот, дали нозете и висат без да го допрат асфалтот“?
Минаа години, а животот сам се погрижи на „љубопитните“ да им одговори.
Оддамна е јасно дека Ноне не може да потоне, зашто има нешто што повеќето го немаат и ако се лоши пливачи можат да се удават. Природниот појас за спасување на бујно надарената цицлеста македонска убавица е онаа граница која Ноне постојано ја држи над вода!
А дека не е само бујна и природно надарена од појас нагоре, македонската морепловка покажа со видеото што го сподели. На него Ноне покажа дека (и се) може да си ги „шлапка“ нозете цел ден, седната на работ на отворениот базен без да и висат над водата.
Впрочем, цицлестото мињонче е се’ уште повеќе од слатко бонбонче дури и и во овие години кога не е веќе девојче.
Вистинска дама на која многу што и се може што на повеќето не им се може, која со поглед на зајдисонце, коктел и испружени нозе на лежалка, го означи својот лежерен јануарски почеток на годината.
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм/nona.nedelkovska