Радио Милева непроменета

Беше успешна во манекенството, течно зборува пет јазици: Каде е денес Хатиџе султан од серијата „Сулејман Величествениот“?

Беше успешна во манекенството, течно зборува пет јазици: Каде е денес Хатиџе султан од серијата „Сулејман Величествениот“?

Повеќе од една деценија по емитувањето на првата сезона на Сулејман Величествениот, актерите што ја одбележаа сè уште се тема од интерес за публиката.

Меѓу нив е и актерката Селма Ергеч, која ја играше улогата на  Хатиџе султан, сестрата на моќниот султан.

Селма Ергеч е родена на 1 ноември 1978 година во Германија, во семејство на турски имигранти. Од страната на нејзиниот татко, таа е потомок на султанот Махмуд II, како што самата еднаш изјави, што дополнително го оправда нејзиниот избор за улогата во серијата. Освен што течно зборува турски и германски јазик, Селма зборува и англиски, француски и италијански.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selma Ergeç (@selmaergecofficial)


Пред нејзината актерска кариера, таа студирала медицина, психологија и филозофија, а била успешна и во манекенството. Таа почнала да се занимава со манекенство во 2000 година, и токму тоа, сосема неочекувано, ѝ ги отворило вратите кон телевизијата и глумата.

„На една тинејџерка ѝ беше понудена улога во серија, но нејзината мајка не ѝ дозволи да ја снима. „Можеш ли да играш девојче од 16-години?“ ме прашаа потоа. „Зошто не би можела?“ одговорив, и така започна“, откри таа тогаш.

Првата улога ја доби во 2005 година, а кога ѝ беше понудена улогата на Хатиџе султан, веќе имаше богата и успешна кариера зад себе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selma Ergeç (@selmaergecofficial)

Таа е во брак со Кан Оз од 2015 година, а во 2016 година ја добија ќерката Јасмин.

На својот Инстаграм профил, Селма често покажува како експериментира со бојата на косата и промените на имиџот. Се дружи со колешката Нур Фетахоглу, која ја играше Махидевран во споменатата серија, но како што самата открива, не пушта лесно нови луѓе во нејзиниот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selma Ergeç (@selmaergecofficial)

„Всушност, јас сум многу интровертна личност. Сакам да поминувам време сама со себе. Секој има добри и лоши страни, ги прифаќам луѓето такви какви што се. Пријателството може да се роди од прифаќање, но тоа е нешто што е тешко да се најде. И тоа е вистинска реткост“, рече Селма во едно интервју.

Foto: print Creen/Instagram/Youtube

To top