Најпознатиот македонски трибјут бенд, „Бело Копче – Tribute Bijelo Dugme“, досега „верни на оригиналот“ и со музика и со изглед и со својот сценски настап го пресликуваа најголемиот рок ен рол бенд на сите времиња на овие простори, а отсега и со сопствена авторска музика.
Членовите на групата канат на промоција на нивната прва авторска песна и видеоспотот за неа насловена како „Сувенир из Сарајева“.
Промоцијата ќе се одржи на 30 Јануари 2025 (ЧЕТВРТОК) во скопскиот ноќен клуб „ИНТЕРМЕЦО“ со почеток во 20.30 часот и е од отворен карактер за сите љубители на нивната музика.
Покрај промоцијата на видеото и живата изведба на песната, „Бело Копче – Tribute Bijelo Dugme“, потоа ќе одржи и целовечерна концертна свирка на која во живо ги изведува најголемите хитови на култната рок група, со комплетна визуелна трансформација и костимографија од неколкуте фази на Дугме.
Промоцијата е замислена како претставување пред новинарите на првата авторска песна, но и на целокупниот концертен репертоар на бендот, во вид на целовечерна рок ен рол забава како за претставниците на медиумите, така и за сите присутни таа вечер во „Интермецо мјузик бар“ во Скопје.