Мегафон славеничка претстава на „естрадниот циркус“

„Бекстејџ“ го прослави 17-иот роденден: Најгледаниот и најдолговечен естраден ТВ магазин со „циркуска журка“ на чекор од полнолетството

„Бекстејџ“  го прослави 17-иот роденден: Најгледаниот и најдолговечен естраден ТВ магазин со „циркуска журка“ на чекор од полнолетството

Со голема забава на отворено многу домашни гости од естрадниот и јавниот живот, најгледаниот и најдолговечен естраднен ТВ магазин „Бекстејџ“, го прослави 17-от роденден.
По традиција, освен добра забава, гламур, муабет и дружење, беа доделени награди во повеќе категории.

Црвениот килим овој пат распослан по должината на „Мостот на цивилизациите“ попознат како „Око“, а  очите на присутните повеќе или помалку познати личности полни со циркуска глетка.

Или поточно циркуска атмосфера, која домаќините сакале да ја доловат како дел од стартот на забавата. Кловнови, танчери, мажоретки, марионети, палјачи, пантомимичари, костимирани секси убавици… Бал под маски за добредојде со пуканки и вино.

Набргу потоа, од мостот сите се пуштија пред бината поставена на влезот на кејот пред ланч барот „Дион“, каде на стоечки масички со резервации присутните по„циркуската увертира“  со бесплатен пијалак по избор можеа да уживаат во остатокот од забавата.

На сцената се доделуваа „Бекстејџ“ наградите во различни категории… Од највлијателни инфлуенсери, до најпопуларни поткастери, хит песни, пејачи,  групи, најуспешна бизнис жена на годината, жена – борец, естрадни фаци…

Меѓу нарадените пак, Стефан Лазаров, ДНК и Наум Петрески, Слаткаристика, Весна Бејби Петрушевска, Елена Лука, балканската инфлуенсерка Тара Ристиќ…

И „естрадно циркуската“ претстава полека прераснува во општа журка. Глетка, каква ретко се гледа, стотина и кусур познати лица, на едно место опуштени, расположени, разиграни, јавно да се забавуваат… Нешто што само на славеникот „Бекстејџ“ му успева со години – сите да ги обедини

 

А на сцената пеееја некои од најпознатите македонски естрадни имиња…

Од  Влатко Лозаноски, ДНК и Наум Петрески, Слаткаристика, Стојне Николова, па се до Мартија Станојковиќ, Ивона Јо,  и повратникот од Канада, Јован Јованов… до водителот Ненад Георгиевски за фајронт!

За магијата, онаа музичката да биде навистина волшебна, се потрудија „Либеро бенд“ кои со своите соло изведби или како музичка придружба на споменатите пејачи, атмосферата ја доведоа до „лудило“ од позитивни вибрации и возвишени емоции, возбуда и задоволство какво што оддамна сите не сме почувствувале.  „Кој  вчеравечер не полуде, тој мора да не е нормален“ – што би рекол Брега!

А „циркуската журка“ на „Бекстејџ“ ги размрда сите оние на кои и стејџот и подиумот и сцената им се дел од работата, оние кои зад неа го вадат лебот покажувајќи го своето знаење, но и обичните случајни минувачи кои збунето гледаа и се забавуваа иако беа „неканети гости“, а сепак добредојдени под виртуелниот „естраден циркуски шатор“ на ведрото октомвриско небо под кое имаше место за сите.

 

To top