Радио Милева главен критериум

„Барам момче што знае да вози трактор, да копа и да ора нива“: Александра Младеновиќ распиша конкурс за нов дечко 

„Барам момче што знае да вози трактор, да копа и да ора нива“: Александра Младеновиќ распиша конкурс за нов дечко 

Пејачката Александра Младеновиќ изјави дека би сакала да најде партнер која има искуство со рурална работа, што и самата го правела пред да стане позната. Иако со години живее во Белград, Александра Младеновиќ никогаш не ги заборавила своите корени и родно место, за кои секогаш гордо зборувала. Таа има најубави спомени од Житораѓа, и како што вели, дури и денес не се двоуми да земе мотика и да се првози со трактор.

Без оглед на тоа што сега е посветена на својата кариера и ги игнорира бројните додворувачи, ѕвездата на „Гранд“ вели дека во иднина сака вистински домаќин и маж кој ќе ги извршува селските работи.

– До ден денес им помагам на моите родители и ги извршувам сите земјоделски работи. Би сакала мажот со кој сум да знае да вози трактор, да копа, да ора нива… Тоа не е главен критериум, но дефинитивно би ми се допаднало бидејќи никогаш не сум се срамела што сум од село. Ако тој не знае ништо од тоа, за мене е важно само да има желба, ќе научи апсолутно сè со мене. Би ја работеле целата работа заедно и мислам дека сето тоа би изгледало многу интересно. Тоа би значело дека ги почитува моите корени, мене, местото каде што сум родена… Никогаш не би била со маж кој ме понижува и ме смета за помалку вредна затоа што сум од село. Никогаш не би си дозволила да направам нешто такво – рекла шармантната пејачка и додала дека, иако има многу додворувачи, на ниту еден не му дозволува да ѝ се приближи и да ѝ го украде срцето:

Ми се чини како никогаш да не сум имала повеќе додворувачи, но не ме интересира ниту еден од нив. Момците се обидуваат да ми се приближат и ми се додворуваат на различни начини, но јас не ги забележувам бидејќи сум фокусирана на нови песни и настапи. Имам напорна летна турнеја, но ќе најдам време за краток одмор. Чувствувам дека социјалните мрежи ќе бидат преполни и ќе „горат“ со мои фотографии.

 

Foto: printscreen/instgaram/aleksandra_mladenovic_

To top