Радио Милева хуманитарни перверзии

Балканската поп фолк дива како секси домина: Познатиот јутјубер Бака Прасе сам си го бараше, па Јелена Карлеуша го „камшикуваше“ (ВИДЕО)

Балканската поп фолк дива како секси домина: Познатиот јутјубер Бака Прасе сам си го бараше, па Јелена Карлеуша го „камшикуваше“ (ВИДЕО)

Музичката ѕвезда Јелена Карлеуша гостуваше  во живо на YouTube профилот на инфлуенсерот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе. Карлеуша и Бака Прасе за време на лајвот креираа содржина која веќе надмина милион прегледи за време на преносот. Неверојатните сцени, опуштањето на Карлеуша и исполнувањето на желбите на јутјуберот  се теми кои неполни 24 часа го тресат Балканот.

За да ја изненади и шокира поп–фолк дивата Јелена Карлеуша, т Бака Праса во еден момент од програмата и понуди на ѕвездата серија играчки за возрасни, ланци, камшици, лисици… Карлеуша прво не ја криеше непријатноста и збунетоста, а потоа се согласи и да ја прифати играта.

Заедно со камшиците користеше и други  реквизити: маска и топка за в уста, кои му ги ставила на Бака. Потоа во нејзин стил ќе го удри Бака по задникот со коментарите: „Затоа ли ме повика? – му рече Карлеуша додека му ги врзуваше лисиците, па продолжи: “Дали те пали ова? Се поради тебе. Момчиња како тебе, кои се дарежливи, хумани и духовити, ме доведе до солзи… Сакаш и јас  да те доведам до солзи… Ти заслужуваш да ти ја исполнам секоја желба и фантазија, ти си прекрасно момче, заслужуваш. Неверојатно е колку си способен и хуман.

„Ова е лицето на иднината, ова треба да ја претставува младите. Видовте колку пари собра, колку е хуман…“, продолжи Карлеуша додека му ги ставаше лисиците.

Да потсетиме, Карлеуша и Бака Прасе речиси целиот приход од преносот во живо го донираа на семејствата кои претрпеа штети поради природни катастрофи во Босна и Херцеговина.

Во живо се собраа 15.000 евра, Богдан донирал 10.000 евра, а за Карлеуша не се знае која е сумата.

Фото и видео: Инстаграм/

 

To top