Можете ли да си замислите како би изгледало кога една од најпознатите македонски водителки и најстраствени убавици би ве поканила на заедничко ноќно дружење… Висока, долгонога русокоса, со извајано тело и раскошни атрибути, со неодолив шарм и сексапил што мами на грев, со вас под рака во елегантен црн фустан и црвени салонки на високи потпетици, како гордо со сигурен чекор се качува по степеници и влегува во просторија преполна со повеќе или помалку познати луѓе… И додека сите гледаат во вас, а музиката свири некој од познатите џез стандарди, таа ве внесува во бајковитиот свет на вината што ја будат душата и атмосфера што маѓепсува во ноќ која е страсна и незаборавна.
Ги отворате очите и гледате дека не сонувате… Стварноста е еднакво бајковита како и вашите соништа, зашто пред вас е незаборавна вечер каде што виното, модата и убавината на животот се слават на најпрефинет можен начин… Како излог од вкусови со најпрефинети артикли…
Елегантно облечена во длабоко деколтиран свечен фустан и црвени штикли, седната на скапа трпезариска маса, со чаша црвено вино в рака и поглед кој повикува на дружење, познатата водителка Марјана Станојковска ве кани на „Вино на штикли“!
Оние кои не можат да им одлеат на добрите вина и убавите жени, не морате два пати да ги поканите… Бидете сигурни дека таа вечер ќе ги видите на гламурозната манифестација. За сите останати, за да не биде потоа дека не биле поканети, вратите се отворени… Сами, во пар или со одбрано друштво, секако сте добродојдени. Впрочем таму ќе биде и самата Марјана чија покана е јавна:
„Со особено задоволство ве поканувам на гламурозната манифестација ,,Вино на штикли 2024“, настан каде што вкусовите и емоциите ќе се испреплетат во незаборавна винска вечер. Подгответе се за моменти на елеганција, каде дамите ќе блескаат, а џентламените ќе уживаат во секоја чаша, исполнета со страст и сензуалност. Очекувајте музика што го разгорува срцето, вина што ја будат душата и атмосфера што ќе ве маѓепса.
А вечерта носи и посебни изненадувања… нешто што ќе го разбуди вашето љубопитство и ќе ја направи ноќта незаборавна.
Бројот на места е ограничен, затоа побрзајте да ги купите вашите карти и во четврток доживејте вечер која ќе ве понесе на патување низ винските вкусови и страсти.
,,Вино на штикли 2024” ќе се одржи во Ragusa 360 Rooftop , Скопје, на 12.09.2024 , со почеток во 19 :00 часот. Не ја пропуштајте оваа незаборавна вечер каде што виното , модата и убавината на животот се слават на најпрефинет можен начин.
Драги дами, подгответе ги вашите најдобри и најудобни потпетици и се гледаме во Ragusa.
Фото: Фејсбук/MARJANA STANOJKOVSKA