Промотер

„Артист бенд“ имаат песна која буди емоции за празничните денови – „Моја посебна“ (ВИДЕО)

„Артист бенд“ имаат песна која буди емоции за празничните денови – „Моја посебна“ (ВИДЕО)

Момците од музичката група „Артист бенд“ ја објавија својата трета авторска песна, со наслов „Моја посебна“.
Ако судиме по реакциите на публиката, ова е одлична песна во пресрет на новогодишните празници. Со овој најнов проект, „Артист бенд“ уште еднаш потврдува дека има сериозни музички планови и дека не застанува тука – тие најавуваат и други музички проекти кои ќе следат во блиска иднина, велат од ПР тимот на бендот.


Музиката и аранжманот се потпишани од Николче Мицевски, а текстот од младата пејачка и автор, Марија Спасовска. Видеоспотот е под режисерска палка на Томислав Живковиќ, кој создава силна визуелна приказна.

„Соработката со Николче, кој го потпиша музичкиот аранжман, и Марија Спасовска, авторката на текстот, беше неверојатно инспиративна. Томислав, режисерот на видеоспотот, повторно успеа да создаде автентична визуелна приказна со силен емоционален печат. Целата екипа покажа голем професионализам и посветеност, а резултатот е нешто на што сме горди.

Веруваме дека ова е само почеток и дека во иднина ќе бидеме уште поактивни, подготвени да донесеме нови музички изненадувања за нашата публика. Навистина е возбудливо кога можеме да споиме музика, текст и визуелна уметност во едно целосно и уникатно доживување” – велат момците од бендот.


Инаку важно е да се напомене дека снимањата за видеоспотот се реализирани на неколку локации како што се: Скопска Црна Гора и Калин Камен во Осоговските планини.

Момците не застануваат тука, напротив тие веќе се подготвуваат за нивниот најнов музички проект, а дотагаш уживајте во песната и спотот за “Моја посебна”, порачаа од тимот на музичарите.

To top