Македонската мисица и модел со интернационална кариера, , одново го привлече вниманието на социјалните мрежи на својот Инстаграм профил на кој ја следат преку 40.000 фоловери.

Но овој пат не заради некаква модна ревија, рекламна фотосесија или избор за мис, туку заради својот престој на егзотична дестинација на која Ангела решила да се прошета и ужива во летна клима среде зима.

Имено, таа изминативе денови сподели интересни фотографии на кои се гледа како го троши своето слободно време од престојот на Тајланд.

Бикини позите се само уште едно нејзино самоуверено издание.

А како и не би било кога Ангела во танга костим за капање изгледа како извајана еротска божица во рајот.

Фатално привлечна и неодоливо возбудлива, македонската убавица која е и горда сопственичка на семејна фирма за производи на домашна козматика, е вистинска еротска бомба.

Ангела ништо помалку возбудлива и во длабокодеколтираните фустани под кои градник не се носи, во кои се шеташе уживаше и се сликаше на песочните плажи по егзотичните тајландски острови.

Сепак неколку фото – пози го привлекоа сето внимание, на кои во фокусот беше ставена македонската убавица додека се слика со една слоновска фамилија.
И додека младата Македонка во костим за капење, уживаше во дружбата со нив, слоновите – според прикажаното веројатно татко и син, знаеа каде да ги вкрстат сурлите, додека се галеа со нашата убавица.

Арно ама овој помалиот, ем палав ем љубопитен, не можеше да одолее да не проба да „ѕирне“ или поточно „да пипне“ на забрането место. А, пустото „забрането овошје“ секогаш е најслатко! Слончето затскриено, ама затоа имаме повеќе од евидентна фото констатација, дека сурлата ја пружил на „омилената телесна локација“.

Како и да е, сите среќни и задоволни. Слончето си го остварило замисленото, македонската убавица од уво до уво насмеана, а позата толку возбудлива, што не остана незабележана.
После тоа, кој најмногу го искара „палавото слонче“, Слонот, слоницата или убавицата… Или се’ заврши само како една мала шега и фото-спомен за навека, прашајте ја Ангела?!

Фото: Инстаграм/angela.vasilevska.5




