Откако пред неколку месеци за јавноста ја обзнани својата љубовна вска со музичарот Рубин Размо, фолк пејачката Анета Љумаковска веќе извесен период ужива да покажува дека на љубовно поле и цветаат ружи.
Дека по разводот во љубовна е исполнета и го нашла оној вистинскиот за себе, познатата битолчанка во секоја прилика милува од своите објави на социјалните мрежи да покажува дека со саканиот Рубин е секаде и секогаш.

За да имаат како љубовен, така и професионален спој, Анета реши да формира нов бенд со кој ќе настапува, а во истиот ќе биде Рубин, но и некои од членовите на група „Молика“.

Сепак, таа остана во договор со групата „Да Капо“ со кои треба да пее во Радовиш и за дочекот на 2026-та.
Во меѓувреме, веќе наголемо се снимаат новогодишни емисии, а на истите Анета и Рубин блеснаа во сиот сјај и љубовни искри кои се видливи од секоја фотографија.

Па така, на едно од снимањата, Ането и Рубин ја искористија скоја прилика за создавање заеднички фотки, а во фокус тие – вљубените гулапчиња.

Свечено стокмени, таа во црно-црвен комплет, а тој во елегантен костум.
А кога нешто е убаво и се базира на чиста емоција, тогаш истото резултира и со супер изведба на сцена – музика која свири најубаво.
фото:Facebook/ Aneta Ljumakovska






