Талентираната скопјанка Андријана Петрушовска реши да одмори од настапите и да замине на море.
Таа летната атмосфера ја исполни со кадри позирајќи во бикини и покажа како ужива во топлите летни денови.
Сепак, пејачката не ја откри локацијата пред следбениците, но за нив тоа воопшто и не е важно.
Поважни им се фотографиите во бикини во разни пози крај сината шир на летната дестинација која ја одбрала. Зашто истите се вистински доказ за нејзината природна убавина која ја краси покрај гласот со кој плени.
Но, покрај позитивните комплименти кои ги доби и следбениците и дадоа и неколку совети :
„Навистина преубава девојка“, „Не ставај никакви силикони“, „Немој да станеш како српските пејачки полни со силикони, негувај го лицето и телото на природен начин“, и порачаа тие.
View this post on Instagram
На најновата објава пејачката позира во жолто бикини кое го покрила со бела наметка за се’ да биде беспрекорно, а во описот напиша :
„Бидете длабоко благодарни за сè“
View this post on Instagram
Пејачката преку фотографиите кои ги сподели на социјалната мрежа покажа дека е во совршена форма, а позираше како вистински модел, полна со енергија.
фото: print Screen/ Instagram/andrijanapetrushovska