Мегафон сајбер глас

Андријана Јаневска потпиша договор со Warner Bros Games: Гласот на нашата пејачка во „Mortal Kombat 1“ (ФОТО)

Андријана Јаневска потпиша договор со Warner Bros Games: Гласот на нашата пејачка во „Mortal Kombat 1“ (ФОТО)

Македонската пејачка Андријана Јаневска на социјалните мрежи сподели  прекрасна вест во врска со нејзината кариера.  Информацијата кој ја објави патем е многу важна и за гејминг заедницата, но и гејминг културата во Македонија воопшто, па на неа освен обичните љубители на музиката и се израздувааи сите гејмери во земјава.

Имено, пејачката на социјалните мрежи обзанани дека потпишала договор со една од најголемите филмски и компании, но и компанија за видеоигри во светот, гигантот – Warner Bros. Games.

Компанијата Ворнер Брос иако е формирана во далечната 1923, и лани прослави 100 години постоење, одделот за гејминг, е создаден пред точно 20 години. Под нивно водство се студија како: TT Games, Rocksteady Studios, NetherRealm Studios, Monolith Productions, WB Games Boston, Avalanche Software, WB Games Montréal. Кога ќе ги видите сите овие големи имиња, веднаш ќе се присетите на голем број игри од кои многумина од нас и ги играле како што се: Batman: Akrham игрите, LEGO игрите, Middle Earth, Mortal комбат и многу други.

Ворнер Брос е основана од четворица браќа, Хари, Алберт, Сем и Џек Ворнер, компанијата се етаблира како лидер во американската филмска индустрија пред да се диверзифицира во анимација, телевизија и видеоигри, и е една од главните „Big Five“ во светот.

Андријана, веста за потпишување на договорот ја споделила  една година по отпочнувањето на соработката и креирање на музиката, односно вокалите за играта, поточно  за последниот дел Мортал Комбат франшизата – „Mortal Kombat 1“. Приказната на Jаневска за тоа ако стигнала до ова соработка е многу интересна.

„Некаде во април 2022 година добив мејл од соработникот на композиторот  Wilbert Roget II, со понуда за соработка. Најнапред требаше да отпеам една композиција од околу 3 минути, на измислен јазик. Ми беше кажано дека е за видео игра, но не за која. Откако прифатив, композиторот ми испрати демо снимка, од прилика како би сакал да звучи финалиот производ. Вокалите ги снимив во моето студио Гиновски, каде професионално работиме со сопругот Гино веќе 15 години. Откако им ја испратив снимката беа воодушевени, немаше никакви технички ниту уметнички замерки. Ме прашаа дали би била слободна да отпеам уште неколку песни кои би биле дел од официјалниот саундтрак на играта, а јас се согласив. Во следниот период ги снимив и останатите композиции за кои исто така не најдоа замерка. Ми платија за работата и ми пишаа дека ќе ме известат кога играта ќе излезе официјално. Дури после една ипол година ми стигна мејл дека станува збор за видео играта Мортал Комбат 1 и дека пред да излезе официјално, мора да потпишеме договор со Warner Bros Games“ – раскажува Јаневска во интервјуто за гејминг порталот GG.MK.

Инаку  на Андријана Јаневска ова не и е прва интернет соработка со повеќе или помалку познати светки музички имиња или учество во разни светски музички проекти.

Така на пример, меѓу останатото познатата македонска пејачка, композиторка и музичарка беше единствен македонски претставник во проектот „Планетарен оркестар“ на „Универзал мјузик“ од Лондон, оркестар во кој имаше по еден музичар од секоја земја во светот.

Таа во 2020 год. на покана на американскиот EDM продуцент Jawfre, снимив летна песна со наслов “Take me” која може да се најде на сите светски музички платформи!

Исто така македонската пејачка во 2020 ја претставуваше нашата држава во проект за Гинисовата книга. Во прашање беше песна со најмногу пејачи на светот со наслов „One Human“ чиј автор е американскиот композитор и продуцент Graham Czach. Нејзин единствен услов за учество беше да пишува дека ја претставува Република Македонија во што успеа и потпиша договор.

Во 2021-ва  Андријана Јаневска одново виртуелно соработува со еден странски автор. Овој пат во прашање беше нејзината  песна „Longings“ отпеана на Англиски јазик, во соработка со германскиот композитор Tonio Th. Fruehauf. Тема која всушност преставува една прекрасна акустична балада, обоена само со звуците на клавирот и сугестивниот моќен и прецизен вокал на Андријана.

Кон крајот на 2022 година  одново доаѓа до  интересна соработка со странски автор, овој пат  композиторот и продуцент Matt Bantle на чија покана пејачката ја остварува соработката. Песната Јаневска овој пат ја пее на хрватски јазик и носи наслов „Као ти“… Направена е како своевиден микс на медитаранско- хрватски техно-поп манир во кој покрај модерниот звук изборот на бои и ритамот кој вози, доминира моќниот и прецизен, а толку нежен и суптилен вокал на Андријана, чиј хрватски акцент совршено и прилега, како да е родена Хрватка, а не Македонка.

Конечно, во 2023-та е неколку месеци на натпреварот организиран од ЗАДА рекордс во САД,  (Zada records) – мала продуцентско-промотерска и издавачка куќа во сопственост на композиторот Норман Зада, каде се избираше најдобар пејач/пејачка од целиот свет,  првото место ќе го освои токму таа, македонската пејачка Адријана Јаневска со песната „Broken hearted me“.

Организаторот овој натпревар го замислил како поле за промовирање нови таленти, кој им го олеснува учеството и им дава можност на идните ѕвезди да заработат пари, но и да добијат значително признание дури и ако не победат. Ветено беше дека бидат доделени пет награди: 25.000 долари за првопласираниот, 10.000 долари за вториот и 5.000 долари од трето до петто место.

Фото: Фејсбук и Инстаграм/andrijana_janevska

 

 

 

To top