Радио Милева „чекор понатаму“

Анџелина Џоли објави фотографија од своето ново момче (фото)

Анџелина Џоли објави фотографија од своето ново момче (фото)

Анџелина Џоли и Акала наводно биле во врска повеќе од една година.Тие отидоа на неколку патувања заедно, вклучително и на филмскиот фестивал во Венеција.Се чини дека сега актерката отиде „чекор понатаму“ во однос на нивната врска…

На социјалните мрежи се појави фотографија од Акала (40), уметник и активист со кој Џоли наводно е во врска, а кој неодамна ја придружуваше на филмскиот фестивал во Венеција.

И сега поранешната сопруга на Бред Пит реши да оди чекор понатаму, барем што се однесува до јавноста. На „Atelier Jolie“, кој е Инстаграм профил на истоимениот креативен колектив што го основа актерката, се појави галерија од панелот што таа го водеше. На фотографиите се гледа како Анџелина го интервјуира гостинот Мустафа, кој го претстави својот деби албум, како и некои гости.

Така Акала се најде во публиката, а пристигна и актерката Зои Кравиц.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Atelier Jolie (@atelierjolieofficial)

Акала, чие вистинско име е Кингсли Џејмс Меклин Дејли, беше со Анџелина два дена претходно, на премиерата на нејзиниот филм „Марија“ во Њујорк, а наводно се во врска повеќе од една година. Тие отпатуваа заедно и во мај минатата година отидоа на Јамајка, а на крајот на декември фотографите ги фатија на вечера во Милано. Тој исто така се дружел со нејзините ќерки во неколку наврати, а изворите велат дека тоа е нешто што Џоли навистина го цени.

– Нив ги поврзува интересот за активизам и споделуваат страст за патување и откривање различни култури. Помина долго време откако не почувствувала ваква привлечност – изјавил претходно извор, цитирна од „Дејли Мејл“.

Акала е историчар, поет, новинар, рапер и страстен вљубеник во театарот и уметноста. Досега има издадено пет студиски албуми. Тој ја објави својата прва книга „Домородци: раса и класа во урнатините на империјата“, во 2018 година.

To top