Радио Милева „издувен вентил“

Ана Стојанова со совет за физичка пракса од тоа како до внатрешен мир во тешки денови (видео)

Ана Стојанова со совет за физичка пракса од тоа како до внатрешен мир во тешки денови (видео)

За македонската фитнес инструкторка Ана Стојанова тренингот од физичката активност е стил и начин на живот од кој таа не прави никакви отстапки, па дури и во тешки и тажни денови. Сите сме индивидуи со различни ставови и потреби, но дури и ако не сте по ваквите животни принципи, а излезот го гледате стуткани во кревет, Ана има нешто поинаков совет.

Деновиве сите сме во општа, колективна депресија, кој повеќе, кој помалку, тикму затоа Ана Стојанова има еден практичен совет за физичка активност со цел доаѓање до внатрешен мир, барем делумно.

Според Ана Стојанова издувен вентил може да биде токму вежбањето.

-Тренингот е лек за душата. Кога си тажен, потта ги носи солзите. Кога си бесен, тежините ја носат лутината. Кога си среќен телото слави со движење. Секој тренинг е разговор со себеси. Не мораш да знаеш што точно чувствуваш. Само почни да се движиш. Телото ќе знае што да направи. Телото не е само за тренинг, туку и за внатрешен мир.

Oние кои редовно практикуваат физичка активност, апсолутно би се согласиле со ова, а за оние кои се скептични, советот вреди да се проба, а од истото ништо да не се изгуби, туку само да се добие.

фото:Instagram printscreen/ annstojanova

To top