Радио Милева исклучена...

Ана Стојанова на именденот тргна да одговара на Инстаграм прашања, ама врти-сучи, мозокот никако да го вклучи, да направи „свич“: „Пресисала“ вечерта, па „мозокот на резерва“ или многу „пре*ич“?

Ана Стојанова на именденот тргна да одговара на Инстаграм прашања, ама врти-сучи, мозокот никако да го вклучи, да направи „свич“: „Пресисала“ вечерта, па „мозокот на резерва“ или многу „пре*ич“?

Македонската фитнес инструкторка и мотиватор за здрав живот Ана Стојанова повеќе од еден месец престојува во Шпанија, поточно во каталонската престолнина Барселона. Не туку така, без причина, колку само да се тргне од дома и некаде летово да одмора или со особена причина ќе дознаеме подоцна.

Она што е евидентно дека атрактивната велешанка повеќето од времето го поминува вво прошетки или на плажа.

Но кога си подолго на друго место од дома, колку и да е околината бајка, понекогаш сфаќаш дека на моменти ти станува здодевно, па така и Ана реши малку да се позбави со својата армија бројни Инстаграм следбеници.

До душа да не беа тие, расната фитнес инфлуенсерка не ќе знаеше дека тој ден и е именден!? Света Ана, тие и ја честитаа нејзе, таа ним им се заблагодари, па по честитките фитнес дамата тргна да одговара на нивните прашања, арно ама… Тргна, ама никако да и тргне. Почни, па застани, кажи, па заглави… Не сакаат збориве сами течно да течат, за речениците и муабет да не правиме. Врти, сучи, мозокот никако да го вклучи!

Дали од жештината, кога долго си на сонце, па главата може да ти „прокува“, дали како „последица“ на забавата или можеби жешката акција во ноќта која претходела, фитнес инструкторката како да изгуби моќ… Почна да „шмелцува“ додека говори и никако течно на поставените прашања на следбениците да им одговори!

До душа малку успеа да проговори и да открие дека од септември ќе има промена на програмите и толку… Во следниот момент, како некој преку уста да и повлече патент! И толку…

Ана Стојанова на именденот тргна да одговара на Инстаграм прашања, ама никако да го вклучи мозокот, да направи „свич“: „Пресисала“ вечерта, па „мозокот на резерва“ или… многу „пре*ич“?

 

Фото: Инстаграм/annstojanova

 

 

 

To top