Радио Милева на следно ниво

Ана Николиќ пред втор брак: Рале е подготвен да ја запроси (фото)

Ана Николиќ пред втор брак: Рале е подготвен да ја запроси (фото)

Ана Николиќ по се изгледа и по кажувањата на нејзиниот партнер и соработник, наскоро ќе застане на „лудиот камен“ – по вторпат.

Горан Ратковиќ Рале за кох=го неодамна се дозна во медиумите дека се заедно, сега реши да проговори дека планира врската да ја однесе на ново, повисоко ниво.

– Се уште не сум разговарал со Ана за венчавка, но не би се противел на тоа. Таа е многу духовита жена, а јас на тоа се палам. Како прво, таа ме заведе со нејзиниот мозок, со неа е секогаш многу интересно – објаснува музичарот и признава дека не му е мило што медиумите го следат секој нивни чекор откако ја официјализираа врската.

-Ми пречи што јас и Ана сме толку застапени во медиумите поради нашата врска, но не можам да сторам ништо околу тоа. Ана, пак, е навикната на тоа. Не ѝ пречи вниманието на медиумите поради нашата врска, бидејќи со неа секогаш има некаква гужва – низ смеа изјави Горан Ратковиќ.

Рале во интервјуто за „Светски радио“ истакна дека тој и Николиќ добро се совпаѓаат и на деловен и на љубовен план. Композиторот и пејачката ништо не препуштија на случајноста, туку навреме успеаја да ги завршат сите обврски околу новиот албум на пејачката, кој излегува на крајот на оваа недела.

фото:printskrin/instagram/ananikolicofficial/ You Tube/ kurir

To top