Пејачката Ана Николиќ остана без целата нејзина придружна екипа за на сцена и менаџерот, кои ја откажаа соработката и изјавија дека повеќе не сакаат да настапуваат со неа. Неодамна, Николиќ не се појави на настапот во Посушје, иако билетите беа распродадени, а публиката со нетрпение го очекуваше нејзиното појавување на сцената.
На почетокот, многумина мислеа дека причината е тоа што пејачката била видена таа вечер во ресторан во главниот град, но вистината, според изворите, е поинаква.

Бендот и менаџерот, кои претходно ги собра поранешниот партнер на Ана, Горан Ратковиќ Рале, решија да ја прекинат соработката по, како што велат, „низата непријатни ситуации и инциденти“ што ги доживеале со пејачката.
– Веднаш по скандалот со Рале, кога Ана го пријавила во полиција, колегите решиле да ја прекинат секоја понатамошна приказна со Ана. Ја информирале дека ја прекинуваат соработката и дека може да бара нов бенд. Буквално ја оставиле на цедило, а самата таа признала дека придонела за тоа со своето однесување. Ја сметале за тешка, разгалена и непрофесионална – открива добро информиран извор.

Според тврдењата на нашите соговорници, Николиќ била свесна дека имала закажан настап во Посушје, но се нашла соочена со ѕид бидејќи не можела да го одржи концертот без музичари.
– Ана била ставена пред свршен чин. Немала никаква резервна опција и, очигледно, во тој момент не можела да најде нов бенд. Наместо да излезе пред публиката, решила вечерта да ѝ даде поинаков пресврт. Отишла со своите пријатели на настапот на Бобан Рајовиќ, каде што го прославила и својот роденден. Подоцна, им признала на најблиските дека се чувствувала осамено и предадено, бидејќи по раскинувањето со Рале, останала без неговата поддршка и без целиот тим што ја следел дотогаш – заклучува изворот за Информер.рс
фото:Instagram printscreen/ ananikolicofficial




