Семејството на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ за некој месец ќе стане поголемо. Како што е веќе добро познато, Прија е во блажена состојба и го чека своето второ дете.
Таа одлучи на извесно време да се повлече од сцената, а сега извор близок до парот откри дека нивното семејство ќе стане побогато со ќерка.
– Александра не сакаше да ја крие добрата вест бидејќи и Филип и таа веруваат дека децата се најголемото богатство. Среќни се, успешни, со години се во хармоничен брак и природно е што сакаа да добијат уште едно дете. Ова не само што ќе ги израдува нив и нивните семејства, туку и нивниот син Александар, кој често им кажувал колку би сакал да има брат или сестра. Неодамна дознале дека Прија носи девојче, но засега знаат само најблиските. Таа вест засега не сакаат да ја споделат поради малер, но и поради нејзиното повлекување од јавноста. Сметаат дека е добро да се зачува интимноста и дека Александра веќе имала доволно присуство во медиумите поради големите деловни успеси што ги постигнала – рекол изборот за „Информер“.