Пејачката Александра Пријовиќ уште еднаш покажа дека има префинет вкус за мода, но и дека не штеди кога станува збор за луксузни парчиња.
На приватна забава, Пријовиќ се појави во стајлинг чија вкупна вредност достигнува неверојатни 50.000 евра. Секој детаљ од нејзиниот аутфит беше внимателно одбран, а доминираа парчиња од светски познати брендови.
Таа носеше елегантен црн фустан од Викторија Бекам во вредност од 920 евра, кој го надополни со црн сако од Ботега Венета во вредност од 2.570 евра. Посебно внимание привлече луксузна чанта со кристали од Шанел, која чини дури 8.900 евра, како и црни потпетици од истиот бренд во вредност од 1.830 евра.
View this post on Instagram
Сепак, апсолутната кулминација беше скапата нараквица од Картие, проценета на неверојатни 43.700 евра, што дополнително ја зголеми вкупната вредност на ова гламурозно издание. Овој луксузен стил предизвика бројни реакции на социјалните мрежи – додека некои со ентузијазам коментираат за нејзиниот изглед и елеганција, други не можат да поверуваат колку пари носи пејачката.
Foto: printscreen/instgaram/aleksandraprijovicstyle



