Откако една тура од годинешниот одмор во јуни го истера на грчкиот остров Евија, водителката на утринската програма на Канал 5 телевизија, Александра Пановска Илиевска вториот ден на месец јули го дочека евоцирајќи спомени.
Имено денешниот датум е „нејзин“ или поточно „нивен“… На неа и нејзиниот сопруг Александар, ден кога го „заверија“ судбоносното ДА, заколнувајќи се на вечна љубов крунисана со брак!
Оттогаш поминаа цели 9 години, ама затоа љубовта им трае цела вечност… од првиот ден, зашто годинава прават 21-на година откако се заедно. 9 + 12 = младешка љубов и семејна хармонија цели 21-на година!
Токму затоа водителката одново се присети на „нивниот 2-ри јули“ со неколку свадбени фотографии, од денот кога започна нивната семејна хармонија…
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм/aleksandra_panovska_ilievska