Атрактивната гевгеличанка, модел, поранешна ријалити учесничка, а од поново време и сопственичка на бутик во родната Гевгелија, Александра Накова, секој месец април и е посебен, а тоа е така веќе деценија наназад.
За Накова повод и причина за споделување нови фотографии и објавување на привтни моменти, не мора да има, но овој пат случајот беше спротивен на тоа.
Имено, нејзината наследничка Леа веќе потпорасна и наполни 10 години.
Гордата мајка објави една фотографија од малата убавица од која акцентираше на цврстата и нераскинлива врска меѓу мајка и ќерка.
-Подарокот да те гледам како растеш е еден од најпосебните подароци. Дојде уште една година, девојче мое. Среќен роденден! – стои во описот на фотографијата од роденденката Леа.
Секоја година како што е ред за славеничката се организира специјална тематска роденденска забава каква веруваме дека мама и приреди и годинава за полните две рачиња.
За потсетување, Накова стана мајка во бракот со сега поренешниот сопруг Гајдаџиев кој не траеше долго, а во заедницата ја доби ќерката Леа која по разделбата на родителите расте и живее заедно со мама.
фото:Instagram printscreen/naleksandraofficial