Радио Милева Блеска

Александра Младеновиќ повторно среќна во љубовта: Пејачката објави фотографија со новото момче (фото) 

Александра Младеновиќ повторно среќна во љубовта: Пејачката објави фотографија со новото момче (фото) 

Пејачката Александра Младеновиќ по сите бродоломи повторно е среќна во љубовта.

Таа на социјалните мрежи за прв пат го покажа своето ново момче, извесен Дарко Добричанин кој и го украде срцето.

Александра позираше со него и најблиските, а тие се фотографираа опкружени со зеленило.

Младеновиќ имаше широка насмевка на лицето, а се гледаше дека блеска.

Инаку, Александра неодамна е фотографирана на аеродромот „Никола Тесла“ по враќањето од настап,  каде ја чекаше и нејзиното момче кое веднаш и помогна со чантите.

Како што се шпекулираше во медиумите, Дарко е син на успешен бизнисмен и бил во врска со пејачката Каја Остојиќ.

фото: printskrin/instagram/

 

To top