Македонската водителката Александра Пановска- Илиевска како за затворање на летната сезона за дестинација ја избра Шпанија.
Таа топлите денови одлучи да ги помине на семеен одмор заедно со сопругот Александар и ќеркичката Сара.
Забавата и активностите на песокот и плажата која што ја одбрале водителката за спомен ги долови со камерата, а сега овие прекрасни моменти ги сподели и на Инстагарам каде што е активна.
Водителката фотографирала и дел од прошетките на кои уживале, па со задоволство ги сподели и нив со следбениците.
Сепак она што привлече најмногу внимание се моментите додека таа со насмевка до уши уживала во топлото море.
Но и додека лежи испружена во бикини на зајдисонце каде напиша:
– Лето во септември, Шпанија во прекрасниот Лорет де Мар.
Александра дефинитивно знае како да ги наполни батериите пред да се врати во студио и повторно да шармира со нејзината совршена насмевка, а секако следбениците имаат можност да видат како го поминува времето и додека оправдано не е на утринската програма на Канал 5 телевизија.
фото: print Screen/Instagram