Македонскиот поп пејач Александар Тарабунов, токму на на Божиќ, 7 јануари ја промовирапе својата нова песна „Снегови“. Се работи за една романтична балада, исполнета со емоции, копнежи по невозвратената љубов, со одличен аранжман, во кој се испрпелетуваат звуците на акустиката и експресијата на вдахновениот вокал на пејачот.
Ретко парче, можеби необично за овие времиња исполнети со модерните звуци на електрониката, но музичко дело во кое се чувствува секој тон, внимателно вметнат да допре до сечија душа. Зашто „Снегови“ се една од оние песни кои уште на прво слушање ќе ги стопат срцата на вистинските романтици.
„Чест ми е што на овој најголем христијански празник ви ја подарувам ‘Снегови’, моето парче душа и новиот вистински јас“ – кажа Тарабунов за новата балада.
Тој е комплетен автор на песната, за која ги напиша музиката, текстот и аранжманот, а виолината ја отсвире неговиот колега од Битола, композиторот и пејач Димитар Андоновски.
Песната е визуелизирана со мошне емотивно и ефектно видео кое го потпишува Владислав Гавриловски, во кое во љубовната приказна покрај Тарабунов скао негова партнерка се појавува моделот Клара Милошевиќ.
Инаку, Тарабунов е вработен во хорот на МОБ. Син е на пејачот на македонски народни песни Ванчо Тарабунов и дел од битолското казино кабаре „Голд Фелиција“.
Како звучи и изгледа новата балада на Тара која претендира да стане една од оние вечни евергрини, проследете во продолжение…