Промотер

Александар Пешевски го објави првиот AI анимиран спот во Македонија за музичкото видео – „Out of City“

Александар Пешевски го објави првиот AI анимиран спот во Македонија за музичкото видео – „Out of City“

„Out of City“ е првиот македонски AI анимиран музички спот  од македонскиот музичар и уметник Александар Пешевски.

Според Александар, кој неодамна го објави  својот дебитантски албум „Blank Page“, каде „Out of City“ е една од осумте нумери, креативноста никогаш нема да биде заменета од страна на вештачката интелегигенција, барем не кај него, сепак доколку правилно се употреби AI-то може само да биде алатка од процесот.

–  Како што Фотошоп  има свои функционалности, истиот случај е и со AI. На дизајнерот останува дали генерираниот дизајн ќе го прифати како финален без вложување особен напор, или тоа ќе биде само дел за склопување на краен резултат,“ вели Александар.

Сепак, иако на прв поглед можеби делува лесно, потребно е да се вложи доста напор за да се дојде до посакуваниот резултат и изглед.

За финиширање на ова видео на Пешевски му биле потребни три дена но, секако ако не се земат во предвид  над 1,000 генерирани фотки и видеа базирани на текстуално објаснување.

Дополнително, тука се и аномалиите на самиот софтвер, па така и кај AI алатките има доста простор за подобрување.

“Може да заебележите многу аномалии на видеото, едноставно кажано, 40 проценти се онакви какви сум ги побарал од софтверот, 30 проценти сум прифатил од тоа што било понудило како опција, и останатото се аномалии кои доколку би решил да ги менувам, полесно би било да најдам друга алтернатива,“ вели  Александар,  кој  сепак подвлекува дека опцијата за музички спот со живи актери и човечка енергија останува нешто што е незаменливо.


 

To top