Македонската пејачка Адријана Ацевска попозната како Адријана Кеш очигледно решила да биде многу поактивна во јавноста. Или што би рекле, многу почесто да ја има. Така, откако влета во нова улога, како ко-водителка подкастот „Искрено“ со Ивана Наскова, г-ца Кеш како да решила да и направи „рефреш“ на својата кариера, а и освен пеењето да се обиде во нови води во кои досега не пливала.
Кога си толку медиумски активен и многу често те има, јавноста е љубопитна да дознае многу повеќе за тебе. Многу нешта кои не ги знаеле, или само ги наслушнале, нејзините обожаватели и следбеници, а и оние чисто „љубопитни кисначи“ на социјалните мрежи посакаа да ги слушнат од прва рака од фолкерката.
За да им го направи ќефот, Адријана Ацевска реши да им остави простор за прашања на кои одговараше во нејзините Инстаграм приказни. Иако заинтресираните не биле нешто многу инвентивни во прашањата или пак пејачката не го објавила тоа што не и одговоара, сепак Адријана Ацевска во Инстаграм одговорите на своите обожаватели им откри два важни детали. Каков тоа „чуден спорт“ тренира пејачката, а и дека љубовта на нејзиниот живот е една позната личност од естрадата!
Имено, некој и поставил прашање на Г-ца кеш од типот: „Тренираш нешто?“
А таа кусо да му одговори: „Тренирам… Трпение“!
За потоа да се надоврзе:„Еве веќе 10 години секој понеделник се запишувам во теретана и никако да дојде тој понеделник… Изгледа ќе треба да го сменам денот!“
Рзбирливо љубовта и љубовните врски и реалции се она нешто што најмногу ги „скокоткаат“ љубопитните мажи… Особено ергените, а и оние другите, кои кога ќе ги прашаат за брачен статус, одговaaт онака „со половина уста“, тивко и споровозно: „Оженет… ама ништо сериозно“!
Токму еден таков сакајќи да дознае дали е во некого вљубена или е се’ уште сама, ја праша вечната мома Адријана: „Имаш ли љубов на твојот живот?“
По што доби потврден одговор – ДА и еден вид емотикон – срце, создаден од две раце што се гушкаат…
Но, разочарувањето на љубопитниот љубовџија, веднаш се претвори во „втора шанса“ откако во емотиконот се испиша оноа: „ЈАС“… Или што би рекле вљубена – ДА, ама во себе самата !
Тогаш логично е што љубовта на нејзиниот живот е позната личност од естрадата?!
Фото: Инстаграм/adrijana_acevska