Девојката на Тони Бијелиќ е мистерија за сите откако Драгана Мирковиќ објави дека по 24 години поднела барање за развод. Ова изненади многумина, но Драгана истакна дека таа и Тони живеат одвоени три години и не се под ист покрив.
Многу се шпекулираше за причините за разводот, а се пишуваше и дека Тони стапил во врска со друга жена.
Бизнисменот досега се огласуваше само преку својот Инстаграм каде демантираше дека сака да се смири со Драгана.
Тој негираше и дека причина за крајот на бракот е неговото неверство. Имено, тој во првата изјава што ја даде за медиумите истакна дека е измислица дека ја изневерил Драгана.
View this post on Instagram
– Не ја изневерував Драгана! Ова се измислици! – изјави Тони за Hypetv.rs и додаде:
– Голема лага е дека сум ја изневерил Драгана, измислица е! Нема да дозволам некој да управува со мојот живот, мојата куќа и мојот брак, изјави Тони кој сега објави фотографија и покажа која е неговата единствена.
– Мојот пријател и мојата единствена девојка – и со тоа негираше дека има друга жена.
фото: Instagram printscreen/ tonibijelic