Амира Еванс, 26-годишна Британка која живее на Тајланд, тврди дека на „Онли фaнс“ заработува околу 50.000 евра месечно благодарение на фетишот поврзан со нејзината висина.
Оваа девојка, која е висока два метра, за „Метро“ раскажала дека снима таканаречена „giantess“ содржина — фетиш во кој мажите бараат сцени во кои доминантна жена симболично ги прикажува како ситни.

Таа навела дека за таквите снимки на „Онли фанс“ наплаќа околу 60 евра по минута, со минимално времетраење од две минути.

Опишала и какви барања најчесто добива од претплатниците. Рекла дека од неа бараат сцени во кои гази предмети со штикли, вклучувајќи банани, грозје или машки фигурички.
„Многу момци сакаат squishing (згмечување). Сакаат да носам штикли Кристијан Лобутан и да газам работи како банани и грозје“. Додала дека од неа бараат и да стави фигуричка во чорапите или меѓу градите и да им пишува пораки како: „Ова си ти, смален, и ќе те ставам меѓу моите гради и ќе те однесам во теретана“.

Таа рекла дека висината денес ѝ носи голема заработка, иако, како што раскажала, за време на школувањето била изложена на исмевање поради изгледот.
Откако во 2018 година запишала студии по поморско право на Универзитетот во Плимут, работела во корисничка служба во компанијата EE, но потоа, на предлог на пријателка, почнала да работи на платформата „AdultWork“, а подоцна и на „Онли фанс“.

Изјавила дека во првата недела заработувала околу 1.000 евра, додека на „Онли фанс“ во првиот месец, според нејзините зборови, заработила околу 8.500 евра.
Денес, како што рекла, патува низ Тајван, Кина, Јапонија, Јужна Кореја и Бали, но истовремено вели дека таквата работа трајно влијаела врз нејзиниот поглед на мажите и врските.
фото:Instagram printscreen/ amiraxevans







