Радио Милева славната мама засега не се огласила

Ќерката на Џеј Ло од Ема стана Оскар и сака да и се обраќаат во машки род

Ќерката на Џеј Ло од Ема стана Оскар и сака да и се обраќаат во машки род

Еми Марибел Муњиз, ќерката на музичките ѕвезди Џенифер Лопез и Марк Ентони, го промени своето име во Оскар Муњиз. На профилот на Инстаграм каде што се објавуваат информации за изборот на факултети на матурантите од училиштето „Виндвард“, 18-годишната Муњиз е потпишана со новото име, Оскар.

Според првичните информации, наесен таа ќе се запише на колеџот „Сара Лоренс“ (Sarah Lawrence College), каде што ќе студира театарски уметности.

Во објавата е означен нејзиниот Инстаграм профил, во која се наоѓаат симболите ⚣, кој се користи за означување на геј мажи, и ⚧, кој претставува симбол за трансродовост. На профилот е наведено и дека претпочита да ѝ се обраќаат во машки род.

Поранешните сопружници, засега не се огласиле во врска со таквите шпекулации.

– Веќе два месеци плачам бидејќи моите деца наскоро ќе го напуштат својот дом, продолжувајќи го свето образование. И двајцата одбраа различни факултети. За мене е најважно тие да се среќни со нивниот избор, изјавила Лопез во емисијата „Џими Кимел“ („Jimmy Kimmel Live“).

фото:Instagram printscreen/Jlo

To top