Промотер

„Скопје го сакам ради тебе“: Марија Спасовска ја напиша и испеја новата химна на македонската престолнина?  (ВИДЕО)

„Скопје го сакам ради тебе“: Марија Спасовска ја напиша и испеја новата химна на македонската престолнина?  (ВИДЕО)

Во време кога македонската музичка сцена ја облива нова свежина и сѐ повеќе се создава домашна музика со современ израз, поп пејачката Марија Спасовска ја објави новата песна „Скопје го сакам ради тебе“, една од композициите од нејзиниот актуелен албум „Седатив“.

Песната која првично беше отпеана во дует со Давид Темелков, а за која беше и снимен видеоспот, по што дојде до недоразбирање меѓу пејачот и неговиот тим и авторот на песната. Дуетот пропадна, а Марија Спасовска, која ги потпишува музиката и текстот, додека аранжманот е дело на Николче Мицевски мораше да направи се одново. Песната доби и нов видео запис, продолжувајќи ја најавата што пејачката ја даде при промоцијата на албумот — дека секоја песна од проектот ќе добие своја визуелна приказна.

„Скопје го сакам ради тебе“, песна која што е  една од најубавите, најзрелите, најемотивните  песни што ги имам направено. Тоа е песна која што исклучиво треба да се гледа низ призмата на љубовта, уметноста и убавината. Во оваа ситуација имам чувство дека за жал се гледа малку низ призмата на бизнисот и тоа е единственото нешто што мене малку не ми прилегаше. Песната беше снимена, подготвена целосно, спотот се подготвуваше во последните денови на монтажа. Давид беше дел од мојата промоција каде што нели, го искоментиравме целиот процес на создавање“ – рече марија во својата изјава пза целата случка при гостувањето на една национална телевизија.

„Во оваа песна навистина најмногу верувам и мислам дека е еден од главните адути на албумот. Сепак, публиката е таа што на крајот го дава последниот збор и се надевам дека ќе ја почувствува емоцијата што ја носи ‘Скопје го сакам ради тебе’“ –  изјави сега Спасовска, откако песната ја доживеа својата медиумска промоција.

Албумот „Седатив“, кој беше промовиран пред неколку недели, носи повеќе различни музички приказни и претставува ново музичко поглавје за Марија Спасовска. Со „Скопје го сакам ради тебе“, таа продолжува да го гради својот препознатлив музички стил и современ звук.

Како звучи и изгледа темата која претендира да стасне нова химна на македонската престолнина, проследете од видеото во продолжение…

To top