Живот и стил

Домашна пица со зеленчук

Домашна пица со зеленчук

Денес сите јадат пица, уживаат во топлиот и миризлив залак, еве една здрава пица со зеленчук.

Состојки:

Тесто:

500 грама обично брашно
1/2 коцка свеж квасец
1/2 дл маслиново масло
2 дл топла вода
1 лажичка сол
Фил:

2 чешниња лук
1/2 кромид
неколку гранчиња свеж магдонос
10 свежи шери домати
1 свежа пиперка
1 свежа средна тиквичка
1 свеж домат со нормална големина
неколку црни маслинки
2 дл доматен сос
сол, бибер, оригано и маслиново масло
Подготовка:

Замесете го тестото од сите горенаведени состојки, оставете го да нарасне на собна температура. Кога тестото ќе нарасне почнете со подготовка на пицата, во меѓувреме вклучете ја рерната да се загрее.Ситно исецкајте го лукот, кромидот и магдоносот, а целиот друг зеленчук исецкајте го на поголеми парчиња и измешајте сè заедно во сад со зачините и малку маслиново масло. Подмачкајте го плехот за печење со малку маслиново масло, ставете го тестото врз плехот и растегнете го со прстите до рабовите на плехот. Премачкајте го тестото со доматен сос, а потоа додадете го подготвениот зеленчуков фил врз сосот. Печете ја пицата на 220 степени Целзиусови околу 15-20 минути, во зависност од јачината на вашата рерна!

извор: Курир
фото: freepik

To top