Актерот Милош Биковиќ е познат по тоа што го држи својот приватен живот подалеку од очите на јавноста, но овој пат неговата сопруга, Ивана Малиќ, реши да сподели еден пресладок момент од нивниот семеен живот. Таа на својот Инстаграм профил објави фотографија од зоолошката градина во Белград, на која актерот го држи нивниот син во раце.
На фотографијата, која е снимена, се гледа Милош во опуштена облека со очила за сонце, додека малиот Василије, облечен во топла шапка и сина јакна, љубопитно ги набљудува зебрите.

Сцената веднаш предизвика лавина од позитивни коментари, и нема сомнение дека луѓето ги вртат главите по познатата двојка во Белград.
Foto: printscreen/ivanamalic/instgaram




