Поранешното момче на пејачката Радa Манојловиќ, Харис Бековиќ, одлучи да го промени својот имиџ.
Имено, пејачот Харис, одлучи да направи трансплантација на коса, за што сега јавно проговори за прв пат.

– Искрено, да знаев што ме чека, добро ќе размислев дали ќе одлучам да го направам тоа. Самите подготовки не беа ништо посебно, траеше време, околу неколку дена за сето тоа. Болката беше присутна, но кога човек ќе одлучи да се поправи или извади заб, и тоа боли. Трансплантацијата на коса е нормална работа денес, едноставно стана модерна за мажите кои имаат проблеми со косата.
Минатата година ја заврши со бројни успешни настапи во Америка, а сега призна дека тоа било незаборавно искуство за него.
View this post on Instagram
– Запознавањето со нашите луѓе во Америка беше прекрасно и незаборавно искуство за мене. Каде и да одев, луѓето ме пречекуваа на многу домашен, пријателски начин. Ме третираа како дел од своето семејство. Насекаде имаше исклучително позитивна енергија, што му дава на човекот, а во овој случај мене, посебен шарм и сила да даде повеќе од себе од вообичаеното. Тоа е вид на ситуација или ситуации што ве тераат да се радувате повторно да се вратите во таа земја преку океанот – рече Харис.
Инаку, Харис Берковиќ и Рада Манојловиќ ја завршија својата романса пред многу години, а за нивната врска се зборува и ден денес.
Foto: Instagram print screen/_harisberkovic







