Радио Милева Црно, бела комбинација

Анета Љумаковска во опуштено издание со саканиот: „Време е за мохито“

Анета Љумаковска во опуштено издание со саканиот: „Време е за мохито“

Познатата македонска пејачка Анета Љумаковска, која на социјалните мрежи обично блеска со снимки од настапите, секогаш скоцкана и нашминкана, овојпат изненади со поинаква страна од себе.


Во последно време, таа често споделува нежни моменти со саканиот, саксафонистот Рубин Размо, привлекувајќи илјадници реакции од следбениците. Најновата фотографија на нејзината Инстаграм приказната е вистински хит, заљубената двојка позира во спортско – едноставно издание, далеку од сценската елеганција.


Рубин е во црна спортска јакна и капа, а Анета – без грам шминка, со капа и јакна, но во бело. Ниту трага од гламурот туку во опуштено иднание, позираа тие, чисто релаксирачки.
„Време е за мохито“ – напиша Анета, навестувајќи го летно уживање.

Foto: printscreen/instgaram/anetaljumakovska2701

To top