Радио Милева „јака газоза“

Нема кој не „падна“ на нејзината енергија и шарм: Стојна Костовска празнично распеана и разиграна во домашното дворче (видео)

Нема кој не „падна“ на нејзината енергија и шарм: Стојна Костовска празнично распеана и разиграна во домашното дворче (видео)

Познатата пензионирана македонска актерка Стојна Костовска ги освои симпатиите на многумина со својата последна и најнова видео објава на социјалните мрежи.

Имено, госпоѓа Стојана со празнично велигденската објава од своето дворче каде распеана и разиграна ја пее познатата „Несаница“, држејќи како што вели сок „газоза“, никого не остави рамнодушен.

Со својата позитивна енергија и шарм, таа на маса заедно со сопругот Зоки, расположението сакаше да го пренесе до сите кои ја видеоа нејзината објава  и и ‘ порачаа дека е жена ипол, ама и дека јако и било сокчето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stojna KOstovska (@stojnakostovska)

Инаку, Стојна неодамна, на крајот од месец март наполни 71 година, но без оглед дека годините кои си врват, актерката едноставно блеска за возраста.

Госпоѓа Костовска преферира да си го направи сопствениот мерак и да го каже се’ она што и лежи на душа, ама и да го направи истото кое се гледа од гореприложеното.

Наздравје нека е!

фото: Instagram printscreen/stojnakostovska

To top