Македонската кошаркарка Едина Муса, на социјалните мрежи се присети на една стара црно бела фотографија направена оддамна и со неа веднаш им го задржа вниманието на нејзините следбеници.
Имено, Едина реши за момент да се врати наназад, објавувајќи на Инстаграм фотографија на која го покажа нејзиниот татко како кошаркар, кој подоцна стана и кошаркарски тренер, па истата слика ја спои со нова, на која таа го прави токму истото што и тој.

Муса во објавата, на горната стара фотка напиша едноставно само „татко“, а доле каде што тренира таа, додаде „ќерка“ и со тоа им разјасни на сите за што станува збор.

Едина нејзиниот талент го наследи од нејзиниот татко Амди Муса. Тој бил кошаркарски тренер и во 2018 година ја водел екипата на „Работнички“ каде Едина играла и поради него се префрлила од „Вардар“ во тој клуб.

Едина Муса, е сегашен фитнес тренер и активна во пренесувањето на своето знаење на помладите генерации, а откако се омажи и роди дете, повторно стана мошне актуелна во медиумите. Таа привлекува големо внимание со својот атрактивен изглед, а исто така е премногу активна во теретаната и го одржува своето тело.
фото:Instagram printscreen/edina_musa






