Боксерот Вељко Ражнатовиќ сподели видео од својот најстар син Жељко, снимено од неговата сопруга Богдана Ражнатовиќ, и уште еднаш покажа колку момчето личи на него.
Малиот Жељко веќе ги следi стапките на својот татко, па повремено „тренира“ бокс, а судејќи според објавите на Вељко, неговата љубов кон овој спорт се развива уште од најраните денови.
Момчето позираше во автомобилот, а во таа прилика ги покажа своите веќе импресивни стомачни мускули, што дополнително ги воодушеви неговите следбеници на социјалните мрежи.

„Сила“, напиша Вељко со објавата, видливо горд на својот наследник.
Да ве потсетиме дека Вељко Ражнатовиќ веќе некое време престојува во Русија, каде што неодамна му се придружи и неговото семејство – неговата сопруга Богдана со трите сина. Синот на фолк пејачката Цеца Ражнатовиќ е целосно посветен на тренинзите, а според планот, ќе остане во Русија уште неколку месеци.
фото:Instagram printscreen/ ac3sb4ck







