Радио Милева испрати благодарност

Зорица Брунцлик се огласи по информациите за итната операција и влошеното здравје

Зорица Брунцлик се огласи по информациите за итната операција и влошеното здравје

Пејачката Зорица Брунцлик веќе некое време отсуствува од настани и деловни обврски поради лоша здравствена состојба.

Според српските медиуми, Зорица наводно била оперирана пред десет дена во Белград, во Клиничкиот центар на Србија, по што била пуштена на домашно лекување и закрепнување.

Во оваа пригода, пејачката за прв пат се огласи и им се заблагодари на сите што ѝ испратија пораки за поддршка.

– Драги мои, ви благодарам од срце за секоја порака, секоја молитва и секоја убава мисла што ми ја испративте во овој период. Вашата љубов беше мојата најголема сила. Сега сум малку подобра и секој ден чувствувам напредок. Едвај чекам го моментот кога повторно ќе бидам со вас, на сцената, каде што нашите срца чукаат како едно. Ве сакам и бескрајно сум благодарна за вашата непоколеблива поддршка – напиша пејачката на социјалната мрежа Фејсбук.

Зорица ги напиша зборовите со кои ѝ се заблагодари за грижата и поддршката на новата страница што ја отвори, откако нејзината стара со 200 илјади следбеници беше „хакната“, за што јавно се пожали.

 

– Драги мои, ве молам следете ја мојата нова страница. За жал, мојата стара страница со 200.000 следбеници беше „хакната“ и повеќе немам пристап. Ви благодарам од срце за вашата огромна поддршка и што секогаш сте тука за мене. Вашата Зорица ве сака – напиша пејачката на споменатата социјална мрежа.

фото:instagram printscreen/zoricabrunclik_official

To top