Радио Милева супермодел

Кожнo мини здолниште, тантела и гламур: Сите го насочија вниманието кон Кејт Мос кога се појави во облека што малку жени би се осмелиле да ја облечат

Кожнo мини здолниште, тантела и гламур: Сите го насочија вниманието кон Кејт Мос кога се појави во облека што малку жени би се осмелиле да ја облечат

Ретко жена над педесет години има храброст да се облече како Кејт Мос. Нејзиниот фантастичен изглед ги привлече сите погледи.

Можеби повеќе не е на модната писта, но Кејт Мос го потврди својот статус на супермодел кога се појави на ревијата на Сен Лоран за време на Неделата на модата во Париз во вторник.

Кејт (52) привлече внимание кога седна во првиот ред, облечена во свилена маица од тантела и кожна мини-здолниште со длабок шлиц во средината што ги покажуваше нејзините долги нозе. Кејт се облече во луксузно крзнено палто и го комплетираше изгледот со проѕирни хулахопки и црни потпетици.

@katemossmedia @Kate Moss Agency arrives at @SAINT LAURENT AW26 🖤 #katemoss #katemossstyle #2026 #katemoss2020s #yslaw26 ♬ original sound – heroin chic

Моделот пристигна во Париз во понеделник, а претходно во вторник присуствуваше на ревијата на Роналд ван дер Кемп. Суки Вотерхаус се појави и на ревијата на машката колекција за есен/зима 2026–2027. Актерката (34) се одлучи за смела верзија во фустан со длабоко деколте и отворен грб, украсен со бела машна.

Ревијата на брендот Saint Laurent собра бројни ѕвезди, меѓу кои Остин Батлер (34), Рами Малек (44) и Кејт Мара (42), кои беа во првиот ред, пишува „Дејли меил“.

Foto: print screen/TikTok

To top